Тргнал наоружен и со план а потоа наеднаш застанал… Нов детаљ од истрагата ја откри пресвртницата на крвавиот масакр во Врачар

Момчето (13) кое е осомничено за убиство на десет лица во ОУ „Владислав Рибникар“, во средата, на 3 мај, според последните информации, се предомислило и сакало да и’ се јави на мајка си пред пукањето.

– Дошол на училиште вооружен и со план, но во моментот кога го видел чуварот Д.В., кого го сакал и ценел, сепак сакал да се откаже од сè и сакал да и’ се јави на мајка му да дојде да го земе. Меѓутоа, кога видел дека чуварот сака да му пријде, бидејќи видел дека се однесува чудно, извадил пиштол и го застрелал, а потоа тргнал во крвав поход околу училиштето и уби девет другари. По злосторството рекол дека е сам во сè, не е при себе и дека никој од семејството не е вмешан во ова ниту пак знаат за неговиот план – според извор запознаен со истрагата.

Според зборовите на пријател на семејството на момчето, неговата мајка сакала тој да биде најдобар, а тој наводно сакал да ги задоволи родителите. Сепак, дотогаш никој не гледал на тоа како проблем кој може да има страшни последици.

Да потсетиме, таткото на момчето убиец беше уапсен во акцијата „Сабја“ пред 20 години, а денеска мајката на момчето одговараше на бројни прашања во обвинителството. Конечно, родителите на момчето за првпат дадоа изјава и изразија сочувство до сите родители кои ги загубија децата.