Триесетина српски спасувачи вечерва заминуваат за Турција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва нареди 27 припадници на специјалистичката единица на Министерството за внатрешни работи да бидат испратени во Турција поради земјотресот.

– Два специјалистички тима со службено куче тренирано за пребарување и 4,5 тони опрема вечерва ќе заминат за Турција, објави ТВ Пинк, пренесе Бета.

Авионот со припадниците на специјалистичката единица треба да слета во Турција околу полноќ.

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во двата земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтер кои денеска го погодија јужниот дел на Турција и соседна Сирија.