Три апликации кои се најкорисни во случај на земјотрес

Бидејќи неодамна се случија големи земјотреси, со катастрофални последици и огромен број жртви, во Турција и Сирија, ви пренесуваме три апликации кои е пожелно да ги имате бидејќи нудат предупредувања за земјотреси.

Додека Android има посветена услуга за земјотреси, iPhone и iOS се потпираат на локалните услуги и нудат опција за дигитален потсетник поврзан директно со државната сеизмолошка асоцијација.

Подолу се три од најдобрите апликации за овие и слични предупредувања:

LastQuake

LastQuake е бесплатна апликација за iPhone посветена на информирање и собирање изјави во реално време. Оваа официјална алатка на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) е дизајнирана од сеизмолозите.

Благодарение на активното учество на голем број корисници, на ESMC му требаат само неколку минути за да го процени влијанието на земјотресот и потоа да ги извести граѓаните.

LastQuake, покрај информациите во реално време, нуди пристап до коментари, фотографии и видеа на сведоци, нуди можност за споделување информации преку социјалните мрежи, СМС услуги кои можат да ги известат најблиските, како и совети како да се однесуваат по земјотрес.

Earthquake Netwo

Earthquake Netwo е сеопфатна апликација за земјотреси и за многу земји е единствениот систем за предупредување.

Оваа апликација нуди известувања во реално време доколку живеете во близина на епицентарот, предупредува секунди пред земјотрес доколку живеете далеку од епицентарот и сите други карактеристики што би ги очекувале.

My Earthquake Alerts – US & Worldwide Earthquakes

My Earthquake Alerts обезбедува информации за земјотреси, а она што го издвојува, освен едноставниот дизајн оптимизиран за iPhone, е тоа што има база на податоци за земјотреси од 70-тите години.

Оваа, како и сите други апликации од овој тип, се исто така бесплатни за користење.

Кога станува збор за Android, оваа платформа има иновативен систем кој стапи во употреба уште во 2020 година.

Системот на Google, наречен ShakeAlert, е создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД. Можете да го активирате со одење до поставките на телефонот, каде што ќе изберете локација, потоа услуги за локација и на крај опцијата „Земјотреси предупредувања“.

Ако веќе не е активиран, означете го како активен.