Три бели крста за настраданите жртви: Ова е значењето на овој симбол на погребот во Дубона

Лелеци и пискотници одекнуваат низ гробиштата во Дубона.

Вчера беа погребани десет жртви на дватљ масакри – четворица ученици и чуварот на „Владислав Рибникар“ во Врачар, како и петмина момци кои беа убиени во престрелка во Мали Орашје. Денеска ќе бидат погребани уште тројца млади кои загинаа во масакрот во Дубона.

Денеска ќе бидат погребани полицаецот Милан Паниќ и неговата сестра, двете жртви на безумниот напад на Урош Блажиќ кај Младеновац. Во вечното почивалиште ќе биде испратен и нивниот пријател.

Сите тројца починати имаат бел крст на гробот што симболизира дека тие се невини жртви.

Белиот крст обично им се дава на децата кои трагично ќе страдаат.