Трогателна исповед на очајниот татко: “Се претепа самата со чекан, ме обвини дека сум ја силувал и објави сè на Фејсбук. Сакав да се убијам…“

Младиот татко Џордан Тренгове (22 г.) се обидел да се самоубие откако Елеонор Вилијамс го обвинила за силување. Откако бил ослободен од обвиненијата, тој конечно добил шанса да го каже своето мислење за сè: фактот дека има луѓе кои веруваат дека тој е виновен сè уште најмногу му пречи. Тој смета дека таа заслужила доживотна казна бидејќи уништила толку многу животи а не само неговиот.

Да потсетиме, Елеонор Вилијамс (22 г.) упати низа сериозни обвинувања против неколку мажи во периодот од 2016 до 2020 година, но се покажа дека нејзините тврдења се лажни, поради што сега е осудена на осум и пол години затвор. 

Имено, дотичната лажела дека била сексуално злоставувана од група мажи од Азија, а во мај 2020 година, на социјалната мрежа Фејсбук објавила дури и фотографии од повредите заедно со приказната како ја тепале и тргувале со нејзиното тело. Контроверзната објава е споделена повеќе од 100.000 пати на социјалната мрежа и предизвика големи демонстрации во родниот град на Елеонор, Бароу-ин-Фернес во Камбрија.

Џордан Тренгове помина 73 дена во затвор во одделението за сексуални престапници откако Елеонор тврдеше дека ја дрогирал и силувал откако се сретнале во ноќен клуб во март 2019 година. Таа тврдеше дека дошол во нејзиниот стан, и се заканувал со нож и ја нападнал. Гневните локални жители кои веруваа во нејзините лаги го нападнаа Тренгове со тоа што му го скршиле прозорецот и со спреј му го напишале зборот „силувач“ на куќата.

Тренгове раскажа како се обидел да се самоубие пред очите на сопствената мајка, откако жителите на неговото место поверувале во нејзините лаги.

Таа доби толку голема поддршка. Само сакав да побегнам од се“, изјавил Тренгове за The Sun по изрекувањето на пресудата и додаде дека иако е докажана неговата невиност, сепак сака да побегне од тоа место.

Во ТВ-шоуто на Пирс Морган, тој кажа дека Вилијамс треба да биде осудена на доживотен затвор. Тој објасни дека неговиот адвокат му рекол дека таа може да се соочи со 22 години затвор доколку биде осудена за злосторствата, но Вилијамс, од друга страна, доби само осум и пол години. Во Велика Британија, изопачувањето во текот на правдата може да доведе до доживотна казна затвор, иако експертите велат дека доживотна казна е малку веројатна за овој случај.