ТРОСЕД ПОЛЕТАЛ НА НЕБОТО КАКО ПЕРДУВ : Незаборавна сцена снимена за време на невреме ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ХИТ ВИДЕОТО

Силно невреме однесе тросед од тераса на 35-катeн пасијанс во турската престолнина Анкара!

На социјалните мрежи како молња се шири видео од тросед кој неколку секунди лебди во воздух.

Онур Калмаз, кој вчера ја снимил неверојатната сцена, вели дека троседот излетал од еден балкон.

– Фала богу што не удри во зградата – изјави Калмаз за Хуриет.

Калмаз пред медиумите го опиша необичниот настан.

– Погледнав надвор кога невремето почна за да го проверувам автомобилот и видов што се случува. Мебелот од балконот почна да лета поради силниот ветер. Го имав телефонот во рака и веднаш почнав да снимам. Троседот почна да се приближува до мене под влијание на ветрот. Фала богу што не падна врз зградата туку во дворот на соседната зграда. Никого не повреди. Дури и самиот тросед не беше оштетен. Тоа е плетен тросед. Има и такви кои мислат дека снимката е анимација, но апсолутно не е, ја снимив од мојата зграда – изјави Калмаз.

Според турските медиуми, ветерот дувал со брзина од 45 километри на час. Дрвја паднаа во многу делови на Анкара бидејќи ветрот однесе делови од згради и мебел. За време на невремето се урнал покрив на трговски центар, а паднало и минаре на џамија при што едно лице е повредено.