Тројца рудари затрупани во рудник во Шпанија

– Тројца рудари се затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија, соопштија денеска локалните власти.

Тројцата работеле во рудникот Кабанас де Сурија, на околу 80 километри од Барселона.

Каталонската полиција соопшти дека тлото во рудникот се урнало и дека во тек е спасувачка операција.

Пожарникарите објавија на Твитер дека уривањето се случило на длабочина од околу 900 метри.

Со рудникот стопанисува компанијата Иберпоташ, а е во сопственост на групацијата ICL од Тел Авив.