Турција не е ривал на Балканот, туку комплементарен и балансирачки фактор

Мевлут Чавушоглу министерот за надворешни работи на Турција, на заедничката прес-конференција со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ во Анкара, посочи дека „некои западни држави ја гледаат Туркије како ривал на Балканот“, пишува ТРТ.

Ривалската реторика што ја користи Западот, исто така, ја навраќа идејата дека постои еден вид „друга“ политика кон Турција. По овој говор се наметна прашањето каков актер е Турција на Балканот.

Турција го зголемува потенцијалот за мека моќ на Балканот

Во 2000-те години Турција стана важен регионален актер на Балканот поради нејзиниот економски раст и надворешнополитичкиот активизам. Особено, блиските историски и културни врски со земјите од Балканот и помагаат на Турција брзо да го зголеми својот потенцијал во регионот. Процесот на градење институции на мека моќ е продолжен на силни и цврсти основи.

Износот на финансиската помош од ТИКА е значително зголемен во последните години чија цел е да им понуди техничка помош на земјите во нивниот развоен процес од 1992 година наваму.

Претседателството за Турците во странство и сродните заедници (ИТБ), основано во 2010 година, е формирано со задача да ги штити правата и интересите на Турците и сродните заедници во странство и да спроведува активности за нив. Обезбедува и стипендии за илјадници млади луѓе на Балканот.

Претседателството за верски прашања (Дијанет) отвори неколку аташеа и консултантски канцеларии на Балканот за следење на различни активности кои се фокусирани на исламот. Дополнително, гради и обновува џамии. Дијанет особено игра активна улога во продлабочувањето на односите на Турција со муслиманското население на Балканот.

Фондацијата Маариф основа модерни образовни институции на Балканот, од основни училишта до универзитети.

Институтите Јунус Емре играат витална улога во развојот на културните односи меѓу Турција и балканските земји. Тие се фокусирани на запознавање на балканското население со турскиот јазик, култура и историја. Институтите организираат курсеви за турски јазик, културни активности, научни конференции и издаваат книги.

Овие инструменти на мека моќ, како и активностите од проекти на турските општини па до ТВ индустријата, играат витална улога во развојот на добрите односи меѓу Турција и балканските земји.

Иако ЕУ и САД имаат слични активности во регионот, фактот што Турција стана влијателен актер во регионот за многу западни земји ова прашање стана предмет на расправа.

Турција сè уште е силен партнер на евроатлантскиот блок

Некои западни земји тврдат дека Турција ја поткопува стабилноста на Балканот и евроатлантската интеграција и ја следи својата хегемонија како алтернатива на интеграцијата во ЕУ.

Меѓутоа, спротивно на она што беше кажано, Турција е сè уште силен партнер на евроатлантскиот блок поради фактот што е основач на Советот на Европа, членка на НАТО и кандидат за ЕУ. Затоа, Туркије, секако, смета дека интеграцијата на сите земји од регионот во евроатлантските институции е неопходна и продолжува да ги поддржува нивните напори во оваа насока.

Еден од клучните приоритети на Турција е воспоставување мир на Балканот, што го сакаат и ЕУ и САД. Бидејќи секоја нестабилност или конфликт на Балканот ќе има значителни ризици и предизвици за Туркије и ЕУ во однос на економијата и безбедноста.

За разлика од многу други, Турцкја е земја од доверба

За разлика од другите големи меѓународни актери вклучени во регионот, Турција е земја која ја има стекнато довербата од сите етникуми/заедници на Балканот и подеднакво се среќава со сите засегнати страни на различни основи. Ова е резултат на нејзините надворешнополитички принципи: „регионална сопственост“ и „инклузивност“.

Турција постојано изјавуваше дека го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на балканските држави и секогаш го охрабрувала регионалниот дијалог и соработка, како што тоа го правеле и ЕУ и САД.

Така воспоставувајќи ги односите, Турција, ЕУ и САД имаат заеднички интереси и цели во регионот, што е многу значајно. Бидејќи стабилноста и просперитетот на Балканот се во заеднички интерес и на Западот и на Турција.

Западната реторика може да се оцени како неоправдана

„Сепак, ние никого не гледаме како ривал. Бидејќи на Балканот му е потребна сечија поддршка. Затоа, преземаме конкретни чекори за мир и стабилност на Балканот“, додаде Чавушоглу .

Турција од неодамна доживува политички разлики со НАТО и ЕУ. Сепак, овие разлики не значат дека Турција е во ривалска позиција на Западот. Помагајќи и придонесувајќи за интегративните напори на ЕУ и далечната поддршка на САД на Балканот, Турција, која се наоѓа на раскрсницата на Балканот, не е ривалска или земја на спротивната страна.

За жал, и покрај конструктивните изјави и мирните активности на Балканот од страна на Турција, скептицизмот кон земјата од страна на Западот продолжува, што може да се оцени како неоправдано.

Може да се види дека Турција игра комплементарна и балансирачка улога. Затоа, е толку добро прифатена на Балканот и покрај провокативната реторика на западните скептици во однос на Турција.