Турција реагира на приемот на терористите на ПКК/ЈПГ во францускиот Сенат

Францускиот Сенат го наруши својот углед откако ги пречека терористите на ПКК/ЈПГ и „им додели орден на честа“, посочи денес турското Министерство за национална одбрана, јави ТРТ Балкан.

„Пречекувањето на претставниците на крвавата терористичка организација ПКК/ЈПГ во Парламентот на членката на НАТО, Франција, фрла сенка врз нејзината респектабилност“, истакна Министерството.

Реакцијата на Министерството е објавена по еден ден откако турското Министерство за надворешни работи го повика францускиот амбасадор Ерве Магро остро да го осуди ваквиот чин.

„Нападите на ПКК/ПЈД/ЈПГ и т.н. СДГ („Сириски демократски сили“) против Турција и Сиријците, како и нивните сепаратистички и дестабилизирачки активности во регионот, го привлекоа вниманието на Магро“, соопштија турски дипломатски извори.

„Овој потег е против духот на сојузот и, исто така, ја поништува борбата на НАТО против тероризмот“, соопшти Министерството, додавајќи дека турските сили ќе ја продолжат својата борба против сите терористички организации.

Анкара очекува француските власти да не ги поддржуваат напорите кои обезбедуваат меѓународен легитимитет на ограноците на терористичката организација ПКК во Сирија.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.