Уапсен полицаецот осомничен за убиството во Прибој: Припадници на МВР по потерата го лоцирале!

По полициската потера, младиот Игор А.(28), кој е осомничен за убиство на сограѓанинот Ервин Ц. (35) е уапсен и предаден на надлежните.

– Полицаецот кој е осомничен за убиството на Е.Ч. бил уапсен во попладневните часови. Припадници на полицијата Игор.А. го пронашле во семејната куќа, а потоа бил префрлен во притвор по што му е одредена мерка притвор од 48 часа, потврдија за агенцијата РИНА.

Тој е осомничен дека при тепачка убил сограѓанин во кафуле, а потоа побегнал од местото на настанот.

Инаку, осомничениот млад човек работи како припадник на полицијата во Белград, а во родниот град дошол за викенд.

Според очевидци, Игор се доближил до масата на која седел Е.Ч. и по кратка дискусија физички го нападнал и му задал смртоносни удари.