Убавата Моника Белучи во елегантно издание на филмските награди во Париз (ФОТО)

Италијанската актерка Моника Белучи се појави на 48-то доделување на француските национални филмски награди Цезар.

58-годишната Моника Белучи во концертната сала Олимпија во Париз дојде во целосно црвен моден изглед.

Актерката беше облечена во црвен фустан на Диор до подот, со длабоко деколте, плисирано здолниште и наметка.

Модниот изглед беше комплетиран со ѓердан од Картие.