УКРАИНА ГО ПОДГОТВУВА ИЗНЕНАДУВАЊЕТО ЗА ПУТИН! Драматично предупредување – “Преминуваме во контраофанзива, целите се и на територијата на Русија”

Овие зборови во неделата ги кажа Вадим Скибицки, заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба.

Вооружените сили на Украина ќе бидат подготвени на пролет да започнат контраофанзива против руската армија, која окупираше големи делови од земјата, изјави во неделата заменик-шефот на украинската воена разузнавачка служба Вадим Скибицки.

Точното време зависи од неколку фактори, вклучително и пратките на западно оружје, кое игра многу важна улога во одбраната на Украина од руските освојувачи, изјави Скибицки за германската медиумска компанија Funke Mediengruppe.

Повеќе од една година откако Русија започна инвазија на соседна Украина, Скибицки повтори дека целта на Киев е да ја ослободи целата украинска територија, вклучително и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

„Ќе застанеме само кога ќе ја вратиме нашата земја на меѓународно признатите граници од 1991 година. Тоа е нашата порака до Русија и меѓународната заедница“, рече тој.

Скибицки рече дека Киев има намера да ги постигне своите „стратешки воени цели“ со пробивање на линијата на фронтот на југ, меѓу Крим и Русија.

„Можно е да се уништат магацини со оружје или воена опрема на руска територија, на пример околу градот Белгород, од каде се започнуваат нападите врз Украина. Тоа претставува закана, на пример, за украинскиот град Харков“, рече тој.

Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година. Според официјалните проценки, досега се убиени најмалку 8.000 цивили, а повеќе од 13.000 се повредени. Руските сили контролираат приближно 20 отсто од територијата на Украина.