Украина: Русите лансираа 30 ракети и дронови, ние соборивме 29

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека руските сили лансирале 30 проектили и беспилотни летала од синоќа во 21 часот до 5:30 часот утринава по локално време.

Како што наведуваат во соопштението објавено на социјалните мрежи, Русите извршиле нов воздушен напад врз Киев и други украински градови:

  • Шест ракети од типот Калибр
  • 21 ракети Kh-101/Kh-555
  • 2 проектили Искандер (9M728)
  • два „самоубиствени“ дрона од типот Шахед
  • два извидувачки беспилотни летала

Украинските воздухопловни сили тврдат дека противвоздушната одбрана ги соборила сите проектили Kh-101/Kh-555, освен една, што погодила индустриски капацитет во градот Одеса, при што загинало едно лице, а две се повредени.