Украина: Руските сили го сушат резервоарот потребен за ладење на нуклеарката Запорожје

Русија намерно го суши резервоарот Каховка, изјави вчера вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.

– Ова е екоцид. Окупаторите го сушат резервоарот Каховка. Ова е закана за животната средина, водоснабдувањето и земјоделството на регионите Запорожје и Херсон, рече Верешчук.

Резервоарот Каховка е извор за ладење на нуклеарната централа Запорожје и достигна најниска точка во последните три децении, пишува „Киев Индипендент“.

– Иако намаленото ниво на водата не претставува непосредна закана за нуклеарната безбедност, може да стане опасно доколку продолжи, изјави директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.