Украинската армија тврди: Руските балони над Киев се соборени

Шест руски балони биле забележани над Киев, а повеќето од нив биле соборени од противвоздушна одбрана, соопшти воената управа на главниот град на Украина.

Според воената управа на Киев, балоните носеле рефлектори и опрема за извидување, но не е прецизирано кога го прелетале главниот град на Украина.

– Според информациите кои сега се разјаснуваат, станува збор за балони кои се движат под влијание на ветерот. Целта на лансирањето на балонот веројатно беше да се открие и исцрпи нашата противвоздушна одбрана – напиша воената управа на Киев.

Русија не ги коментираше наводите за балоните над Киев.