УКРАИНСКИОТ МИНИСТЕР: Ветеното оружје со долг дострел нема да се користи за гранатирање на Русија

Оружјето со долг дострел што Западот го вети дека ќе и биде доставено на Украина нема да се користи за цел на руска територија, туку само за окупираните области, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников .

„Ние секогаш им кажуваме на нашите партнери дека се обврзуваме да не користиме оружје (обезбедено од) странски партнери против територијата на Русија, туку само против нивните единици на привремено окупираните територии во Украина“, изјави Резников за новинарите во Киев.

Западот стравува дека Киев би можел да го искористи оружјето за напади на руска територија, што би довело до опасна ескалација на конфликтот.

Резников рече дека Русите ги преместиле своите штабови, командни пунктови, складишта за муниција и гориво на 100 километри од линијата на фронтот, за да не можат украинските сили да стигнат до нив.

„Тоа (преместувањето) им ја отежнува ситуацијата од логистичка гледна точка, но сепак им овозможува да се подготват за иднината“, рече украинскиот министер, кој додаде дека очекува руска офанзива од големи размери уште оваа месец.

Резников рече дека целото ветено западно оружје дотогаш нема да пристигне во Украина, но додаде дека неговата земја има ресурси и резерви да се спротивстави.