Ултранационалистичкиот сојузник на Нетанјаху поднесе оставка

Сојузникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ултранационалистот Ави Маоз, поднесе оставка на функцијата заменик – министер во новата влада.

Оставката на Маоз е прва во Владата на Нетанјаху, која положи заклетва на крајот на декември, откако победи на петтите по ред избори за помалку од четири години.

Маоз ја предводи малата ултранационалистичка партија Ноам позната по својата хомофобична реторика и потценувачките изјави за неортодоксните Евреи.

Тој најави дека повеќе нема да биде заменик – министер, но ќе продолжи да гласа за коалицијата која има 64 од вкупно 120 места во израелскиот Парламент (Кнесетот).