Унгарија ќе испрати нови полициски единици во Македонија и Србија

Со цел да се спречи влез на илегални имигранти на територијата на Европската унија, унгарската полиција ќе испрати нови полициски единици во Северна Македонија и Србија, поточно 30 полицајци во двете земји.

Од унгарската полиција велат дека со ова ги поддржуваат активностите поврзани со заштитата на границите на земјите од Западен Балкан, пренесува Телеграф Македонија.

На веб-страницата на унгарската полиција се наведува дека главна должност на полицијата е патролирање за спречување и откривање илегални имигранти, илегални премини на границите и криумчарење луѓе.

„Нашите колеги нема да служат само во близина на границата, туку и во подалечни области. Екипите ќе се движат со службени возила на терен, како и ќе користат рачни уреди за набљудување во текот на ноќта, како и рачни и мобилни термални камери“, се наведува во соопштението.