Унгарците рекоа НЕ! Будимпешта нема да го поддржи десеттиот пакет санкции против Русија: Ја изгубија поентата

,,Унгарија се спротивставува на идејата ЕУ да го воведе десеттиот пакет санкции против Русија, како и сите други санкции на ЕУ, бидејќи тие не помогнаа да се постигне мир во Украина, но и наштетија на европската економија”, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Санкциите целосно ја промашија поентата – рече Сијарто, додавајќи дека десеттиот пакет санкции на ЕУ за кој се разговара во Брисел се исти како и претходните девет и само ќе им нанесат поголема штета на Европејците, пренесе ТАСС.

Сијарто истакна дека санкциите не ја принудиле Русија да ја промени својата позиција, не донеле мир во Украина, туку само донеле незамисливи тешкотии во Европа, вклучително и приливот на бегалци и инфлацијата.

Зборувајќи за предлогот на некои земји од ЕУ за проширување на санкциите кон Русија на нуклеарната енергија, Сијарто повтори дека Унгарија нема да го поддржи, бидејќи ќе ја загрози нејзината енергетска стабилност.

Тој објасни дека нуклеарната централа Пакс, која произведува половина од електричната енергија и една третина од електричната енергија што се троши во Унгарија, користи руско нуклеарно гориво.