Утре предупредувачки протест на вработените во ГОБ „8ми Септември“

Дел од вработените во ГОБ 8 Септември утре излегуваат на мирен протест незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ. Протестот утре ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот, објави Канал 5.

Премиерот Ковачевски од Минхен каде присуствува на тамошната безбедносна конференција ги повикува здравствените работници на трпение. Тим од домашни и странски експерти, како што потенцира, работат на решавање на проблемите со хакираниот систем на Фондот. Вели, пари во Буџетот за плати има но се бара начин како да се префрлат кај работниците.

Репрезентативниот синдикат на здравствените работници утре напладне ќе одржи состанок на кој, во зависност од состојбата, ќе одлучи како ќе постапи. Не се исклучува можноста од протести во текот на наредната недела.