Утрово најсвежо во Берово и Лазарополе, најмногу дожд во Гевгелија

 Утрово во земјава најниска температура од нула степени измерена е во Берово и Лазарополе. Во Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка и Претор 2 степени, 3 Битола, 4 Прилеп, Крушево, Прилеп, Тетово, Охрид и Струмица, 5 Демир Капија и 6 степени во Штип, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Гевгелија и во Дојран.

Во изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2) најмногу воден талог измерен во 15 Гевгелија, следат 5 Лазарополе, Претор, 2 Крива Паланка, Крушево, Струмица, Тополчани и Прилеп и 1 во Виница и Тетово.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на места ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 22 степена.