Уште една фатална несреќа во Србија: Ја изгубил контролата и удрил во бандера – починал на лице место

Во возилото имало и жена (18), која со тешки повреди е пренесена во Ургентниот центар.

Тешка сообраќајна несреќа се случи кај Гроцка, во населбата Дражањ, на раскрсницата на улица Београдска и Народни фронт.

Како што се дознава, возачот (55), кој управувал со фиат пунто, излетал и удрил во бетонски столб.

Тој починал на лице место. Во возилото имало и жена (18), која со тешки повреди е пренесена во Ургентниот центар.