Фановите на Хари Потер во хистерија: Доаѓа серија за омилениот волшебник! Потврдени детали за продолжението на светскиот хит (ВИДЕО)

Доаѓаат одлични вести за фановите на Хари Потер – HBO Max го потврди снимањето на серијата. Веќе некое време се шпекулира дека Warner Bros. Discovery треба да се врати во Хогвортс, а сега конечно е потврдено.

„Вашето писмо до Хауартс го добивме. Макс ја нарача првата ТВ серија за Хари Потер, верна адаптација на иконските книги“, напишаа тие на Твитер со видео најава. За нешто повеќе од еден час оваа објава е прегледана речиси три милиони пати, а обожавателите се воодушевени.

Хогвортс на сосема нов начин

Засега нема детали што точно ќе опфати серијата или кој ќе ги игра главните ликови, но Variety пишува дека се планира серија со сосема нова актерска екипа. Секоја од сезоните ќе го земе заплетот од една од седумте книги, што значи дека серијата ќе се снима со години.

„Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и неговите неверојатни авантури пред нова публика ширум светот, додека оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во фокусот на франшизата и достапни за гледање низ целиот свет.

„Среќни сме што на публиката и’ даваме можност да го открие Хогвортс на сосема нов начин. Хари Потер е културен феномен и јасно е дека постои трајна љубов и жед за светот на волшебниците“, изјави директорот на HBO, Кејси Блојс.

Ј.К. Роулинг учествува во серијата

Претходно се пишуваше дека авторот на книгите Ј.К. Роулинг, ќе учествува во создавањето на серијата, а таа вест сега е потврдена.

„Во партнерство со Warner Bros Television и J.K. Rowling, оваа нова серија Max Original ќе нурне длабоко во секоја од иконските книги во кои обожавателите продолжија да уживаат сите овие години“, додаде Кејди.

Роулинг, пишува Variety, ќе биде извршен продуцент, заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс. Дејвид Хејман моментално е во преговори за продукција.

„Посветеноста на HBO Max за зачувување на интегритетот на моите книги е важна за мене, и со нетрпение очекувам да бидам дел од оваа нова адаптација која ќе овозможи одреден степен на длабочина и детали што можат да ги обезбедат само долготрајните телевизиски серии“, кажа Роулинг.

Првата книга за Хари Потер ја објави во 1997 година, а последната во 2007 година. Сите книги беа бестселери. Ворнер Брос планираше да ја направи оваа серија долги години, но до сега фокусот беше ставен на спин-офот „Фантастични ѕверови“.

Филмската серија која траеше од 2001 до 2011 година заработи дури 7,7 милијарди долари. После тоа се снимаше спин-офот „Фантастични ѕверови“, потоа „Хари Потер и проколнатото дете“, а последна беше видео играта „Хогвортс Легаси“.