ФАО: Глобалните цени на прехранбените производи намалени и во февруари,  11-ти месец по ред

 – Референтниот индекс на меѓународните цени на прехранбените производи, иако благо, се намали во февруари, 11-ти месец по ред, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната во просек беше 129,8 поени во февруари, што е пад од 0,6 отсто во однос на јануари, но за 18,7 отсто од неговиот врв во март 2022 година. Падот на индексот, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбените производи со кои најчесто се тргува, беше поттикнат од падот на котацијата на растителни масла и млечни производи кои го неутрализираа наглиот раст на цените на шеќерот.

ФАО Индексот на цените на житариците остана речиси непроменет од јануари. Меѓународните цени на пченицата благо пораснаа во текот на месецот бидејќи загриженоста за сушните услови во САД и големата побарувачка за залихи од Австралија беа во голема мера избалансирани со силната конкуренција меѓу извозниците.

Меѓународните цени на оризот паднаа за еден процент поради забавувањето на трговската активност меѓу повеќето големи азиски извозници, чии валути исто така паднаа во однос на американскиот долар.

Фао Индексот на цените на растителното масло падна за 3,2 отсто во однос на јануари, со пад на сите цени на маслата – од палма, соја, сончоглед и од репка.

Индексот на цените на млечните производи на ФАО падна за 2,7 отсто во текот на месецот, при што меѓународните котации за путер и обезмастено млеко во прав забележаа најголем пад.

Индексот на цените на месото, исто така, остана речиси непроменет од јануари. Светските цени на живината продолжија да паѓаат поради обилните извозни залихи, додека меѓународните цени на свинското месо се зголемија, главно поради загриженоста за намалените можности за извоз во Европа.

Спротивно на тоа, индексот на цените на шеќерот се зголеми за 6,9 отсто од јануари до шестгодишен максимум, најмногу поради намалената прогноза за производството во Индија за 2022/23 година.