Фармерките кои сите ги имаме на дното во плакарите се повторно во мода, а одлично и стојат и на Северина

Без разлика дали сте еден од оние кои ги следат трендовите или кои ги „заматуваат“ нивните, сите ние имаме некои парчиња облека, дури и ако тие седат на дното на нашиот плакар. Посебно е добра работа кога после долго време повторно ќе им дадеме шанса, што е случај и со заборавениот модел на фармерки, кој се врати во мода.

Класичните сини фармерки се секогаш добра идеја и нешто што никогаш нема да престане да биде модерни. Меѓутоа, како што се менуваат трендовите, со нив доаѓаат и различни модели на облека, а она што е пожелно денес веќе може да се „отпише“ утре, но и обратно.

И додека до пред неколку години се носеа само тесни фармерки, слични на хеланки и до глуждови, сега сè почести се фармерките со широки ногавици, со должина што се гужва, па дури и се влече по подот.

Еден таков модел, кој веројатно сите го имавме, сега повторно е еден од најпосакуваните, а моментално го носи хрватската пејачка Северина, која важи за една од најдобро облечените дами на регионалната сцена.

Модел на фармерки со прав (молив) крој, Северина го спои со обична бела маичка, кожна јакна и необични крзнени потпетици. Изгледот го комплетираше со предимензиониран кожен ранец и очила за сонце.

Некои коментираа дека пејачката изгледа како тинејџерка, што не е чудно со оглед на тоа што го носеше токму кројот што го носеше во тие години. Избравме неколку слични модели, кои можете да ги најдете во познати продавници за облека.

Патем, фармерките со права нога можете да ги комбинирате со блејзери, кошули, блузи, како и со патики, џемпери и дуксери.

Совршено се вклопуваат во лежерниот стил со кој се прошета Северина низ градот, а во зависност од тоа со што ќе ги спарите, можете да се појавите во нив во секоја пригода, без разлика дали одите, на работа, па дури и на некој погламурозен настан.