Фаталната леди Роуз: Која е наводната љубовница на принцот Вилијам? (ФОТО)

Кога палатата Кенсингтон во 2022 година објави дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт ќе се преселат од Норфолк во Виндзор, озборувачите веднаш помислија дека тој потег може да има врска со наводната афера на Вилијам.

Имено, од 2019 година, британската јавност шепоти за тоа како принцот Вилијам имал прељубничка врска со Лејди Роуз, Маркиза од Чолмондели, неговата поранешна соседка во Норфолк. Интересно, овие гласини потекнуваат од аристократските кругови на кои им припаѓа Роуз од 2009 година, кога се омажила за 23 години постариот Дејвид Роксавиџ, 7-ми маркиз од Чолмондели.

На пример, еден од најистакнатите кралски дописници, Том Сајкс, призна дека првпат слушнал за врската на Вилијам со Роуз од неговиот доверлив извор, ќерката на британскиот гроф чиј идентитет го штител.

Минатата година, членката на уредувачкиот одбор на Вол Стрит Журнал,  Кетрин Вилан , ја изнесе својата теорија дека Бакингемската палата ја поттикнала офанзивата на британските медиуми против Меган Маркл во 2019 година со цел што побрзо да се заборави приказната за прељубата на Вилијам.

Според гласините, нивната наводна врска започнала околу 2017 година. Вилијам и Роуз неколку пати биле видени на вечера во Норфолк додека Кејт била отсутна на кралски должности, а принцезата наводно дознала за аферата во 2018 година, непосредно пред раѓањето на принцот Луис. Ситуацијата дополнително се усложнува со фактот дека Кејт и Роуз биле пријателки, но во 2019 година принцезата одлучила да ги прекине односите со маркизата.

Дури и британскиот „Татлер“, во својата голема приказна за Кејт од 2020 година, се осмели попатно да спомне како ја исфрлила Роуз од нејзиното друштво во 2019 година поради нејзината наводна прекумерна блискост со Вилијам.

Иако Татлер со месеци работеше на приказната во соработка со Кенсингтонската палата, портпаролот на Вилијам и Кетрин на крајот ја објави следнава изјава: Оваа приказна содржи многу неточности и погрешни толкувања кои не биле проверени со Кенсингтонската палата пред објавувањето.

После тоа, од приказната е отстранет само еден пасус – оној за Роуз и Вилијам.

Оваа 38-годишна жена е дете на модната дизајнерка Ема Лонгман и Тимоти Ханбери. По завршувањето на средното образование, таа се школуваше на Британскиот отворен универзитет. Таа беше дел од истражувачкиот тим на конзервативниот политичар Мајкл Гоув, а пред бракот накратко се занимаваше со моделирање под покровителство на агенцијата Storm Management, која ја откри и лансираше Кејт Мос.

Таа го запознала сопругот Дејвид за време на одморот во Италија во 2004 година. Двојката ја објави свршувачката на 22 јуни 2009 година, а венчавката се одржа два дена подоцна. Три месеци откако го кажа судбоносното да, Роуз ги роди близнаците Александар и Оливер, а ќерката Ајрис се роди во март 2016 година.