Федор доби брутални удари и ја заврши кариерата: Го нарекуваа “последниот руски цар”, го носеше српското знаме, но со тежок пораз отиде во пензија (видео)

Рускиот борец Федор Емелијаненко ја заврши својата ММА кариера по многу тежок пораз од Рајан Бадер.

Некогаш големиот ММА шампион Федор Емелијаненко ја заврши кариерата! Тој се повлече од рингот со пораз во борбата за појасот Bellator против Рајан Бадер, убедливо најдобриот тешкаш во организацијата. Кариерата ја заврши на 46-годишна возраст, а „последниот руски цар“ како што некои го нарекуваа, на овој меч доживеа сериозен ќотек. 

Првиот пат кога Федор се тепаше со Бадер, издржа 35 секунди пред да биде нокаутиран, а сега Бадер го победи во првата рунда и на крајот по серијата брутални удари во главата, судијата мораше да го прекине мечот и му ја додели титулата на актуелниот шампион. 

Така во крв и по тешки удари заврши големата ММА кариера која траеше 23 години! Федор на 46 години рече дека е доста, на крајот од борбата му ги бакна ракавиците и ги остави во рингот, а погледнете ги последните секунди од овој дуел: