ФИЛМСКИ ОБИД ЗА БЕГСТВО ОД ЗАТВОР: Затвореници во Македонија ископаа тунел од 60 метри, но ова не го очекуваа (ВИДЕО)

Група од најмалку осум затвореници во  затвор „Идризово“ се обидела да побегне од затворот копајќи тунел, соопшти МВР.

Станува збор за лица осудени за тешки кривични дела со одредени казни кои се движат од 10 години до доживотен затвор.

Според извештаите, група од најмалку осум затвореници планирале да побегнат од најголемиот македонски затвор преку тунел што го ископале. Тунелот е долг околу 60 метри. Од МВР додаваат дека откако дознале дека групата планира да избега, извршила криминално-оперативна проверка и информациите и резултатите ги доставила до Управата за извршување санкции.

Таа управа, се наведува, го проверила местото означено како потенцијален тунел и нашла „ископан тунел долг околу 60 метри“. Тунелот се наоѓа веднаш до објектот што се користел за складирање на јаглен до женското одделение на длабочина од околу еден метар, со пречник од околу 80 сантиметри.

„Во тунелот се пронајдени неколку пластични корпи за кои биле врзани јажиња со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која била користена за осветлување на тунелот“, соопшти полицијата.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, пак, соопшти дека на владината седница е разрешен директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири, а на негово место е именуван Зоран Јовановски. Промената доаѓа откако партијата Алтернатива на Тахири ја напушти владејачката коалиција.

„Одлуката за в.д директор на КПД „Идризово“ ја донесовме. Претходниот директор е разрешен од должноста, а на мој предлог за нов директор на затворот е именуван генерал-мајор Зоран Јовановски. Има богата професионална кариера. , пред се во МВР. За време на професионалната кариера Во текот на кариерата мина обука на полициската академија во Луизијана, потоа обука во Германија, САД, Северна Ирска, Турција, Англија“, рече Ковачевски.