Финалето на Копа Либертадорес на Маракана

– Стадионот Маракана во Рио де Женеиро ќе биде домаќин на годинешното финале во Копа Либертадорес, додека натпреварот за трофејот во второто по ранг јужноамериканско клупско натпреварување во фудбал – Копа Судамерикана ќе се игра во Монтевидео, одлучи КОНМЕБОЛ.

Маракана беше домаќин на финалето во Копа Либертадорес во 2020., а овогодишното финале е на програмата на 11 ноември.

Одлуката на кој стадион во Монтевидео ќе се игра финалето во Копа Судамерикана ќе биде донесе подоцна оваа година. Финалето ќе се игра на 28 октомври.