Финска почна да гради ограда на границата со Русија

 – Финска почна со изградба на ограда од бодликава жица долж границата со Русија за да ја намали илегалната миграција. Изградбата почна југоисточно од градот Иматра, кој брои околу 25.000 жители.

Финска има 1.340 километри граница со Русија.

Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока три метри, ќе биде од челик со бодликава жица.

Проектот ќе биде завршен во 2026 година и се очекува да чини 380 милиони евра. Ограда на крајот треба да покрие 200 километри во југоисточна Финска во близина на главните гранични премини со Русија, но ќе има и делови на северниот дел на Арктикот во Лапонија.