ФОТОГАЛЕРИЈА – МАКРОН СЕ СООЧУВА СО ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Погледнете го хаосот кој владее на улиците во Париз: ‘Градот на љубовта’ е полн со ѓубре, полицијата не може да ги контролира демонстрантите!

Полицијата задолжена за чување на мирот се судри со демонстрантите во петокот вечерта во Париз за време на новиот протест против планот на француската влада да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Зголемените тензии кои резултираа со серија демонстрации од почетокот на оваа година, и купиштата ѓубре на париските патишта, претставуваат најголем предизвик за претседателот Емануел Макрон од таканаречените протести на „Жолти елеци“ во декември 2018 година.

Париз, Франција // демонстрации

Медиумската агенција Reuters објави видео-снимки од полицијата како употребува солзавец за да ја контролира толпата демонстранти кои се собраа на парискиот плоштад Плас де ла Конкорд во близина на зградата на парламентот.

Макрон, оди си!“, извикуваа дел од демонстрантите, свртени кон кордонот на полицајците за интервенција.

Париз, Франција // демонстрации

Немирите во петокот вечерта следеа по сличните во четвртокот поради одлуката на Макрон да ја зголеми спорната возраст за пензионирање без гласање во парламентот.

Пензиската реформа ја зголемува старосната граница за пензионирање во Франција за две години, на 64 години, што според владата е итно потребно за да се спречи колапсот на системот. Со ова не се согласуваат синдикатите и мнозинството гласачи.

Париз, Франција // демонстрации

Французите сакаат официјалната возраст за пензионирање да остане на 62 години, што ја прави една од најниските меѓу европските земји.

Пратениците од опозицијата од левицата и десницата во петокот попладне поднесоа барање за изгласување недоверба на парламентот.

Но, иако Макрон изгуби апсолутно мнозинство во долниот дом на парламентот на гласањето минатата година, има мали шанси да успеат – освен ако не се формира сојуз на пратеници од сите политички страни, од екстремната левица до екстремната десница.

Парламентарното гласање најверојатно ќе се одржи за време на викендот или во понеделник.