Фотографија на Кро Коп од пред 16 години: Погледнете со кого тренираше

Мирко „Кро Коп“ Филиповиќ е најдобриот хрватски ММА борец во историјата.

Направи прекрасна кариера во која со години владееше со PRIDE, а потоа се испроба и во UFC.

Тој беше одличен и во организацијата К-1, а сè што постигна може да се припише на неговата работа и труд, како и неговиот неверојатен талент.

Еден тренинг е особено импресивен, но и сосема поинаков. Имено, Кро Коп пред 16 години тренираше во шума во друштво на актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ.

Мирко и денес е во врвна форма, што навистина не може да се каже за Милановиќ, кој од тој момент се здебели неколку килограми. Сè на сè, ако барем еднаш во животот сте вежбале со Кро Коп можете да бидете горди.