ФОТО | Бијонсе и Џеј Зи платија луда сума на пари за својата нова куќа: “Го срушија рекордот, а куќата е како бетонски бункер“ – погледнете

Вртоглава сума на пари! Бијонсе и Џеј Зи платиле неверојатни 200 милиони долари за замок во Малибу, со што го соборија рекордот на цената на недвижностите во Калифорнија. Пред нив најскапа куќа беше на Марк Андреесен, за која биле искеширани 177 милиони долари.

Куќата во Малибу

На прв поглед куќата наликува на бетонски бункер, бидејќи е изградена од сиров бетон, а имотот има поглед кон океанот. За нејзиниот изглед е одговорен архитект Тадао Андо, Јапонец, кој моментално работи на куќата на контраверзниот рапер Канје Вест во соседството.

Куќата првично ја нарачал Вилијам Бел, познат колекционер на уметнички дела, а за самиот имот платил 14,5 милиони, а биле потребни 15 години за да се изгради куќата.

Куќата во Малибу

Интересно е што огласената цена била многу повисока, и изнесувала околу 295 милиони долари. Бијонсе и нејзиниот сопруг го убедиле продавачот и намалиле на сумата.

Откако Бијонсе и Џеј Зи се венчаа во 2008 година, парот редовно купуваше, купувајќи и продавајќи имоти во Њујорк, Њу Орлеанс, Мајами, Лос Анџелес, Хемптонс

Бијонсе неодамна се најде на насловните страници за нејзиниот контроверзен настап во Дубаи во јануари каде пееше на отворањето на луксузен хотел. Само за тој настап, таа заработи неверојатни 24 милиони долари.