(ФОТО) ДАЛИ ПОЛСКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВОЈНА? Министерот за одбрана на земјава: “Поставуваме противтенковски ежови кон Русија и Белорусија”

Министерот за национална одбрана на земјата Мариуш Блашчак на својот Твитер профил објави дека полската армија поставува противтенковски ежови на патиштата од Белорусија и Русија.

„Почнавме превентивно зајакнување на безбедноста на границата со Русија и Белорусија. Тоа е дел од нашата стратегија за одбрана и задржување. На границата со регионот Калининград веќе се поставуваат првите утврдувања“, рече полскиот министер.

Министерот Блашчак со соопштението прикачи и фотографии, судејќи по кои се поставени противтенковски ежи и бетонски утврдувања на патиштата кои водат до контролните пунктови.