ФОТО | Еврејската Библија продадена за неверојатни 38 милиони долари! Еве кој ја дал оваа чудесна сума на пари за само 4 минути од почетокот на аукцијата

Еврејската Библија која датира од 900 година од нашата ера и еден од најскапите ракописи на пазарот за антиквитети е продадена во Њујорк за 38,1 милиони долари.

Аукциската куќа „Сотби“ очекувала дека „Codex Sassoon“, именуван по неговиот најпознат сопственик Дејвид Соломон Сасун, кој ја купил Библијата во 1929 година за 350 фунти, може да достигне цена од 30 до 50 милиони долари, пишува New York Times.

Исклучително добро сочуваната Библија, на која и недостасуваат само неколку страници, се состои од 24 книги.

Хебрејската Библија

Истата е продадена по четириминутно наддавање на двајца понудувачи, се вели во соопштението на аукциската куќа.

Ја купил поранешниот американски дипломат Алфред Мозес во име на американска непрофитна организација која ќе ја подари Библијата на Музејот на еврејскиот народ АНУ во Тел Авив.