(ФОТО) ЖЕНИТЕ ОДБРАА: НАЈПЛАТЕНИОТ АКТЕР Е И НАЈСЕКСИ

Според анкетата спроведена меѓу припадничките на понежниопт пол, Том Круз е најсексапилниот актер на светот, пишува Дејли Мејл.

Ланецот кина Showcase Cinemas направи анкета во која побараа повеќе од 2.000 жени да ги изберат најсексапилните актери на сите времиња и нивниот омилен филм. Том Круз и американскиот мјузикл „Мои песни, мои соништа“  од 1965 година го зазедоа првото место.

Круз го собори Робин Вилијамс од првото место како најсекси актер, кој се најде на второто место според резултатите од анкетата.

Потоа следат Том Хенкс, Патрик Свејзи, Роберт Редфорд, Џон Вејн, Харисон Форд, Морган Фримен, Алан Рикман и Бредли Купер.


Том Круз во последно време привлекува големо внимание со своите јавни настапи. Обожавателите ја забележаа неговата подолга коса и исончаниот тен, а многумина на социјалните мрежи напишаа дека неговото лице изгледа поинаку.

Инаку, Круз е најплатениот актер во светот. Минатата година заработи 100 милиони долари благодарение на мегауспешното продолжение на Top Gun. Кариерата ја започна на 19 години во филмот „Вечна љубов“, а глумеше во бројни акциони филмови, како „Војна на световите“, „Невозможна мисија“, „Извештај за малцинството“, „Из на утрешниот ден“, од кои некои беа големи хитови.