(ФОТО) Мапа што стана хит на Тик-Ток покажува колку милијардери има во секоја европска земја

На TikTok се појави интересна мапа која наводно го покажува бројот на милијардери во европските земји.

Profile Map Vault објави мапа според која во Македонија не живее ниту еден милијардер, а иста е ситуацијата и во земјите од регионот.

Мапата покажува дека Германија има најмногу милијардери, 134, а потоа следи Русија со 83. На трето место е Италија со 52 милијардери.

Наводно, нема милијардери во Хрватска, ниту во БиХ, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија или Србија, ниту во Белорусија, Латвија и Литванија.

@mapvault #maps #mapvault #europe #mapping #geography #map #german #billionaire ♬ Originalton – I&lt3u

„Германија се обидува да биде поинаква“, „Сите заедно имаат помалку од Америка“, „И во Србија има неколку милијардери“, „Русија има повеќе од сто“, „Нема шанси Италија да има повеќе од Велика Британија“, „Секој пријател на Путин е милијардер“, „Нормално е што Балканот нема“, се само дел од коментарите на тиктокерите.