ФОТО | Моќен американски авион итно слетал во оваа држава на Балканот! Полетал од воздухопловна база, а сите се прашуваат само едно: “Дали некој знае што носи !?“

Боинг 747 пристигнува во Загреб!“, „Дали некој знае каде оди и што носи ?“, „Интересна е оваа пратка!“, вака претходниот ден реагираше хрватската јавност и љубителите на авиони за информацијата дека Боинг 747 на компанијата за превоз Kalitta Air доаѓа во Загреб. Повеќето од јавноста ги интересирало истото – што превезува и каде оди овој голем авион.

Навистина, се работи за авион што е ретка појава над небото на Балканот, а интересот дополнително е зголемен поради знакот „SMV“, што значи Американска транспортна команда. Што правел овој авион во Хрватска ?

Според податоците достапни на веб-страната за следење на авио-летовите, Flightradar, авионот дошол во Загреб од Соединетите Американски Држави. Тој полетал од воздухопловната база „Довер“ околу три и пол часот наутро по средноевропско време и слетал во Хрватска нешто пред пладне. Тој летал вкупно девет часа и осум минути на височина од 10.668 метри.

Летот на авионот Боинг 747 од САД до Хрватска

Како што пишува специјализираниот веб-портал Croatian Aviation, авионот што слетал во Загреб е стар дваесет години. Според информациите тој треба да лета до аеродромот „Инчеон“ во Јужна Кореја во попладневните часови.

Kalitta Air, инаку, е компанија која се занимава со карго летови, односно карго превоз. Меѓутоа, во последно време оваа компанија соработува со американската војска во снабдувањето со муниција и оружје на Украина. Истата база, онаа во „Довер“, од каде авионот пристигнал на загрепскиот аеродром, стана своевиден центар на тие операции. Муницијата и оружјето се доставуваат до воздухопловната база со камиони без ознака, од каде истата пратка се движи кон Европа и нивната крајна дестинација – Полска.