(ФОТО) НОВАК СО СЛИКА НА ИНСТАГРАМ ГИ ВООДУШЕВИ ФАНОВИТЕ: „Благословен и благодарен“

Српскиот тенисер и официјално стана рекордер.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ја испиша тениската историја откако собори уште еден рекорд кој некогаш изгледаше недостижен.

Пребројувајќи ги двете конкуренции, Ѓоковиќ го собори рекордот на Штефи Граф по бројот на недели поминати на првото место на светската ВТА листа. Новак вчера ја започна 378-та недела на врвот на АТП листата и со тоа стана апсолутен рекордер, а тоа можеше да го прослави на посебен начин. На својот Инстаграм профил тој објави фотографија на која позира со торта на која е испишан бројот 378.

  • Благословен и благодарен – напиша Ноле под фотографијата.