ФОТО: НОВАК СО УБАВИЦИ СЕ ЗАБАВУВА ВО ПАРИЗ! Ѓоковиќ во нивно друштво го ДОЧЕКА Ролан Гарос – еве кои се тие!

Новак Ѓоковиќ се опушта пред стартот на Отвореното првенство на Франција и борбата за првото место на „вечната листа“.

Новак Ѓоковиќ во друштво на убавиците го дочекува почетокот на Ролан Гарос во Париз. Третиот тенисер на АТП листата е фотографиран во ресторан на вечера со Шир Мелер, инструкторка по танц и нејзината пријателка Роми Цехановски. Ноле насмеано се согласил на заедничка фотографија, а објавата на Инстаграм предизвика големо внимание. Погледнете ги нивните заеднички фотографии.

Новак во четвртокот го дозна патот по кој ќе треба да оди до својот 21. Грен слем трофеј, а вчера со 3 : 0 во сетови го победи кој го Американецот со српско потекло Александар Ковачевиќ.

Додека беше при крај со подготовките за Отвореното првенство на Франција во Париз, на кое не пристигнува во добра форма, „кралот на земјените терени“ и актуелен шампион на Ролан Гарос Рафаел Надал објави дека првпат ќе го пропушти турнирот од 2005. Исто така, неизвесно е кога Рафа воопшто ќе стапне на теренот, бидејќи моментално е извесно дека нема да може да игра ниту на Вимблдон, што му дава две шанси на Новак во следните месец и половина да го претекне на „вечната листа“ и да биде единствениот лидер на неа. Во моментов и двајцата имаат по 22 титули.