ФОТО | “СРБИЈА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО!“ – Голем протест во Белград, блокиран сообраќајот пред српскиот парламент: “Ситуацијата е напната“

Денес со почеток од 18 часот започна протест пред Собранието на Србија во Белград под името „Србија против насилството“, а истиот е по повод двете големи трагедии што се случија минатата недела. 

Пред собраниската зграда се собираат претставници на опозицијата и граѓани, а потоа ќе се организира мирен марш до Владата на Србија, пренесуваат соседните медиуми.

На овој протест ќе се истакнат неколку барања, со цел да се намали нивото на насилство во Србија. Најпрво, од властите во Србија се бара да го сменат менаџментот на РЕМ (регулаторно тело за медиуми) и на телевизијата РТС, како и да ја одземат националната фреквенција на телевизиските станици Пинк и Хепи, како и да ги забранат таблоидите кои промовираат насилство.

Како што објавија соседните медиуми, сообраќајот пред Собранието на Србија е блокиран поради настанот, а насобраните носат транспаренти против насилството. Граѓани се собираат и во Нови Сад.

На плоштадот „Слобода“ во Нови Сад, граѓаните се собираат на протестот со име: „Се мора да престане“, организиран од повеќе опозициски партии и организации.

Се повеќе граѓани се собираат пред Собранието на Србија. Сите улици во близина на Собранието се блокирани, а автомобилите со граѓани се практично блокирани пред зградата на Собранието. Телевизијата N1 јавува дека ситуацијата е малку тензична пред Собранието, а граѓаните разговараат со возачите. Погледнете ја моменталната ситуација во Белград: