Француско село „заробено во минатото“ прогласено за најубаво на светот (ФОТО)

Според американското списание за туризам „Травел и Лејжр“, малото живописно село Гордес во југоисточна Франција, сместено на надморска височина од 340 метри е можеби најубавото село во светот.

Познато како „бисер на Прованса“, местото секоја година привлекува посетители од целиот свет. Историјата на Гордес почнува во римско време, но во средниот век селото го добило сегашниот изглед со тесни улички, заоблени врати и премини, куќи од сув камен и фасцинантен средновековен замок со поглед на долината. Со векови е познато по земјоделството, но и производството на ќерамика.

А напролет, Гордес е особено магичен поради сите бои и мириси од природата што вреди да се искусат.

Убавината на ова речиси „митско“ село, сепак, е во архитектурата – со сочувани камени градби што совршено се вклопуваат во околниот пејзаж каде доминира величествената природа. Сета таа безвременска и живописната атмосфера тоа служи и за снимање филмови и ТВ-емисии.

Пазарот во Гордес секој вторник наутро на плоштадот кај замокот е уште еден белег на културниот живот на селото. Посетителите може да си купат намирници, производи, како и ракотворби – како сувенири и спомен од ова место.