Хамилтон се прости од физиотерапевтот Анџела Кален, со која работеше седум години

 Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја прекина соработката со Анџела Кален.

Кален беше физиотерапевт на пилотот на Мерцедес во последните седум сезони. Хамилтон постојано забележува каква улога имала Анџела во неговиот успех.

-Во последните седум години, Анџела беше покрај мене и ме туркаше да станам најдобрата верзија од себе. Станав посилен како спортист и подобар како личност благодарение на неа. Се надевам дека денес ќе ми се придружите да и посакам се најдобро во нејзините идни напори и во остварувањето на нејзините соништа. Фала за се Анџе. Едвај чекам да видам што носи иднината за тебе, напиша Луис на социјалните мрежи.