Хари и Меган проговорија откако останаа без кров над глава поради Чарлс: „Тој даде две недели“

Меган и Хари потврдија дека кралот Чарлс ги избркал од кралската резиденција Фрогмор Котиџ во Виндзор, куќата на која им била адресата во Обединетото Кралство.

„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите.

Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, „Наоѓајќи ја слободата“, рече дека одлуката на кралот уследи по објавувањето на Хари на неговите контроверзни мемоари „Спере“ во јануари. Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган, додава Скоби, се полоши од кога било.

Според британските медиуми, Хари и Меган се згрозени од одлуката на кралот. Наводно, им било кажано да ги отстранат своите работи од резиденцијата до лето, а првично им било кажано да ги соберат своите работи во рок од две недели.