ХАРИ ПОТЕР ЌЕ СТАНЕ ТАТКО! Актерот Даниел Редклиф (33) и неговата девојка го чекаат своето прво дете (ФОТО)

Долго ја криеја веста додека не стана очигледно!

Актерот Даниел Редклиф, на сите познат по улогата на Хари Потер, и неговата девојка Ерин Дрејк ќе станат родители.

Даниел и неговата девојка се запознале на снимањето на филмот, а актерот претходно изјавил дека тоа било љубов на прв поглед. 

Британските медиуми пренесуваат дека Даниел е возбуден и многу среќен што ќе стане родител. Неговиот однос со вереницата е нешто необично и пријателите веруваат дека заедно ќе бидат неверојатни родители, како што пренесуваат медиумите.

Тајната ја чуваа долго време, но неодамна заедно се појавија на лондонските улици на лежерна прошетка кога трудничките облини на Ерин го привлекоа вниманието на фотографите и минувачите.