Холандски фудбалер пијан возел 200 км/ч и убил 4-годишно момче

Државното правобранителство бара 3,5 години затвор за фудбалерот Раи Влоет кој предизвика сообраќајна несреќа во која загина 4-годишно момче.

27-годишниот Холанѓанец, кој моментално го носи дресот на руски Урал, предизвика тешка сообраќајна несреќа на автопат во ноември 2021 година.

Со голема брзина, околу 200 километри на час, удрил во задниот дел од возилото во кое се наоѓало четиричлено семејство, родители и две деца. За жал, несреќното момче им подлегна на тешките повреди во болница.

Влоет признал дека испил две-три чаши на забавата, а потоа влегол во возилото:

„Бев на забава во Амстердам, уште имаше корона, забавата заврши рано. Требаше да преноќам во Амстердам, но донесов нова одлука – да одам во Ротердам.

,,Без размислување почнав да возам, ногата ми беше на педалата за гас, за миг изгувив внимание а потоа се случи несреќата“, изјави фудбалерот чиј глас неколку се тресеше пред судијата.

Мајката го прекина сведочењето на фудбалерот

По сообраќајната незгода со преглед е утврдено дека Влоет испил двојно повеќе од законски дозволеното количество алкохол. Покрај тоа, тој не сакал веднаш да признае во полиција дека стоел зад воланот на возилото, пишува АД.

Неговото сведочење ја вознемири мајката на несреќното момче, која почна да вика на Влоет:

„Како да продолжиме понатака? Сè ни е одземено!“.

Покрај затворската казна, државното правобранителство бара и четиригодишна забрана за возење.