Холивудскиот шмекер се разведува со 30 години помладата манекенка – поранешниот споруг на Моника Белучи повторно сам

Винсент Касел и Тина Кунаки се разведуваат по пет години брак, а актерот го поминува времето со пријателите на местата каде што одеше со манекенката.

Актерот Винсент Касел (56 г.), поранешен сопруг на Моника Белучи, по пет години брак, наводно се разведува од 30 години помладата убавица Тина Кунаки (26 г.), со која доби ќерка во 2019 година. Тој ги избриша сите нивни заеднички фотографии од социјалната мрежа Инстаграм и со тоа ги потврди сомнежите за разводот, но парот се уште нема официјално соопштение.

Сомнежите дека згаснала љубовта ги подгреа и тоа што Винсент јавно не и го честиташе роденденот на Тина, како што правеше претходните години со фотографија или роденденска порака. Додека нивната љубов полека прераснува во оние на поранешните љубови, актерот деновите ги поминува на плажа во Бразил со своите пријатели, истата онаа каде што најчесто одел со Тина.

Манекенката и актерот последен пат беа видени заедно во јануари, а Тина оттогаш се појавува сама на јавни настани и објавува фотографии со пријателите на социјалните мрежи. Тој го освои срцето на убавата Французинка кога имаше само 18 години, и покрај големата разлика во годините меѓу нив, поради што јавноста ги осуди, а тој во една прилика изјави: „Не е секогаш фер. Имам 52 години и се мажам за 21-годишна девојка. Многу сум заљубен и сигурен сум дека ќе направиме бебиња“.

Иако по разводот од познатата убавица Моника Белучи, со која има две деца, изјави дека никогаш повеќе нема да се ожени, младата манекенка го „натерала“ да ја промени својата одлука, а тогаш открил дека навистина сакал да стане татко повторно. Желбата му се исполни, но љубовта, за жал, и овојпат згасна.