ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА – Безживотно тело на 10-годишна девојка пронајдено во социјален објект: Полицијата се сомнева на убиство со умисла

Безживотно тело на 10-годишно девојче било пронајдено претходниот ден рано наутро во Германија.

Како што објави телевизијата RTL, телото на девојчето (10 г.) било пронајдено во социјална установа за млади во Баварија, Германија.

Специјална полициска комисија ги истражува околностите на нејзината смрт. Според пишувањата на германските медиуми, полицијата сослушува лица за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот, кој првично беше означен како убиство со умисла.

Телото на 10-годишното девојче е испратено на обдукција за конечни резлутати за смртта.