ХОРОР ВО МОСКВА! Творецот на вакцината SPUTNJIK V пронајден задавен

Рускиот виролог Андреј Ботиков, кој помогна да се развие вакцината Спутник V против корона вирусот, е пронајден мртов во стан во Москва, јавуваат медиумите.

Андреј Ботиков е еден од 18-те научници кои учествувале во развојот на вакцината Спутник V во Националниот истражувачки центар Гамалеја.

Тој беше пронајден задавен во неговиот дом во Москва. Претходно беше потврдено дека некој го нападнал.

Истражниот комитет на Русија започна истрага за неговото убиство.

Се сомнева дека 29-годишен маж за време на расправијата го задавил научникот со појас, а потоа побегнал од местото.

Според официјалните документи, тој наводно бил убиен од разбојник кој упаднал во неговиот дом. Во меѓувреме, полицијата го привела осомничениот и тој ја признал вината.