ХОРОР ВО СОСЕДНА СРБИЈА – Три деца повредени во сообраќајна несреќа!

Три деца се повредени денеска околу 15:30 часот во сообраќајна несреќа што се случила во Чачак, соседна Србија.

Според првите информации, несреќата се случила попладнето, а децата веднаш биле пренесени во Општата болница во Чачак.

Примени се три малолетни лица на возраст од 7, 9 и 10 години, две девојчиња и едно момче, кои се повредени во сообраќајна незгода. Тројцата се во стабилна состојба, а им се врши дијагностика и опсервација во придружба на нивните родители“, соопштија од болницата за соседните медиуми.